Top

‘Искривена’ рурална куќа

Оваа несекојдневна рурална куќа се наоѓа во едно швајцарско село. Архитектите од архи студиото FOVEA кои ја изведоа оваа куќа милуваат да ја речат “искривена куќа”. Ваквото решение за изгледот на куќата се должи на потребата за интимност и светлина на домаќините. Големите прозорци свртени 40 степени надоле овозможуваат заштита на приватноста и љубопитните очи на соседите, а од друга страна се добар извор на природна светлина.
Екстериерот е изведен од штици, кои се користат во бродоградилиштата, кои обезбедуваат природен изглед на куќата и висока безбедност. Оваа куќа претставува уникатен примерок на модерна куќа подигната во рурална средина.




Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *