Погледнете го овој преубав луксузен апартман сместен во срцето на Рио Де Женеиро. Апартманот важи за еден од најубавите на бразилското крајбрежје. Шесте простории на објектот се опремени со внимателно избрани парчиња модерен мебел и декоририрани со фантастични бразилски скулптури и растенија. Доминира белата боја која влева оптимизам кај луѓето кои престојуваат во него, а дрвениот бродски под и дава пријатен шмек на целата атмосфера.
На кровната тераса има огромен базен, палми и лежалки кои гледаат директно кон преубавата Копакабана плажа. Ноќе, од терасата имате чувство дека Рио де Жанеиро Ви е на дланка, уживате во погледот на илјадниците светилки и морето, живеете во ритамот на градот.

Апартманот можете да го изнајмите по цена од 45.000 долари за еден месец, односно 6.400 долари од ноќ. Рајот сепак има своја цена : )

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
raj na zemjata