Top

Природни маски за мекa и сјајна коса

За да го вратите сјајот и убавината на вашата коса не треба да купувате скапи производи. Наместо тоа, сами подгответе си домашна маска за коса од продукти кои можете да ги најдете во вашата кујна. Маските направени од природни состојки ѝ даваат сјај на косата, а во нив нема хемикалии.

МАСКА ОД МАСЛИНОВО МАСЛО
Помешајте 5 лажици маслиново масло и 2 јајца. Маската нанесете ја на коса и замотајте ја со фолија. Оставете ја делува 15 минути и потоа убаво измијте ја.

МАСКА ЗА СЈАЈНА КОСА
Откако ќе ја измиете косата со шампон, ставете 1 шолја сок од лимон, измасирајте ја и исплакнете со вода. Потоа нанесете регенератор и измијте ја косата. Лимонот ќе ги отстрани сите нечистотии и ќе ја направи косата сјајна. Оваа постапка можете да ја применувате на 2-3 недели.

МАСКА ОД МЕД И МАСЛИНОВО МАСЛО
Помешајте 2 лажици мед и 3 лажици маслиново масло. Смесата убаво втријте ја во косата и замотајте ја со фолија. Оставете да ја делува 15 минути и потоа измијте ја косата со шампон.

МАСКА ОД БАНАНА
Бананите се одлични за нега на косата. Во блендер измешајте 1 банана, 1 јајце, 3 лажици мед, 3 лажици млеко и 5 лажици маслиново масло. Нанесете ја смесата на коса, оставете ја да делува половина час, а потоа измијте ја косата со шампон.

МЕШАВИНА ЗА ПЛАКНЕЊЕ НА КОСАТА
Помешајте 1 лажица од билките кои се наведени подолу со 2 литри врела вода и оставете да отстојат половина час. Додадете 1/4 шолја јаболков оцет и промешајте. Шампонирајте ја косата и плакнете ја со оваа мешавина.
За нега на секоја коса: рузмарин, коприва, цвет од бозел.
За сува коса: цветови камилица, гавез, корен од чичок, цвет од бозел.
За мрсна коса: кора од лимон, нане.

НЕГА НА ОШТЕТЕНИ ВРВОВИ
Врвовите на косата се оштетуваат од јаки шампони или топлиот воздух од феновите. Следните неколку рецепти можете да ги користите за нега на оштетени врвови.

* Измешајте 1 жолчка, 2 лажици маслиново масло и една лажица мед. Подготвената смеса нанесете ја на коса, ставете фолија и оставете ја да делува половина час, а потоа измијте ја косата.

* Намачкајте ги врвовите со топло маслиново масло, ставете капа за туширање и оставете да делува во текот на ноќта, или 8-10 часа. Потоа измијте ја косата.

* Во блендер измешајте 1 папаја (излупена и исчистена од семки) и половина шолја јогурт. Подготвената смеса нанесете ја на коса и оставете ја да делува 30 минути. Измијте ја косата со топла вода.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *