Top
Srekja

Размислувајте позитивно и бидете среќни!

Во денешно време сите некаде брзаат, а притоа не застануваат да се запрашаат дали воопшто се среќни. Бројни истражувања на експерти од областа на психологијата, покажуваат дека постојат неколку правила за среќа. Треба да изберете среќа, да бидете свои, да ги чувате луѓето кои ви се важни, да не се споредувате со другите, да ја цените среќата и да го сакате она што го работите.

Прифатете го и сакајте го она што го имате
Среќните луѓе имаат скромни очекувања и стремежи – тие го сакаат тоа што можат да го добијат, додека несреќните луѓе се чини никогаш не можат да го добијат она што го сакаат. Оние кои одбираат да бидат среќни знаат како да ги избегнат разочарувањата, а и да постигнат некое пријатно изненадување. Тоа е така бидејќи се обидуваат да постигнат реални цели и задоволни се со она што го добиваат.

Уживајте во она што го правите
Не постои нешто во животот што треба да се направи само поради пари и слава. Среќните луѓе прават работи во кои уживаат и уживаат во она што го прават. Нема поента да работите нешто што го мразите или да сте опкружени со соработници кои ве мразат. Луѓето забораваат дека може да уживаат и работејќи. Многу луѓе ги поминуваат најубавите години од животот во обид да заработат пари, а притоа го жртвуваат своето здравје и семејство.

Живејте за денес
Не мислете на минатото, на нешта кои тргнале наопаку или за неуспесите во минатото. Немојте да сонувате идеализирана иднина која не постои и не грижете се за нештата кои сеуште не се случиле. Среќните луѓе живеат за сегашноста и имаат позитивен став за неа. Ако не можете да бидете среќни во моментов, зошто мислите дека утре би било поинаку?

Одберете среќа
Не плашете се да се вратите назад и повторно да ги процените своите цели. Замислете го својот живот како една приказна на која може да ѝ го менувате текот. Ваквиот флексибилен приод кон животот бара позитивен став и отворен ум. Луѓето кои чувствуваат дека имаат целосна слобода на избор и контрола над својот живот се многу посреќни од фаталистите (луѓе кои мислат дека сосем малку може да променат нешто со своја интервенција).

Врски и пријателства
Чувајте ги околу себе луѓето кои ви се важни. Својата среќа ја наоѓаме во среќата на нашите пријатели или партнер. Како што некои луѓе нас нè прават среќни, така и ние сме среќа во нечиј друг живот. Истражувањата покажуваат и дека поголем процент од луѓето кои имаат партнер се посреќни за разлика од оние кои се сами.

Бидете активни
Ако сакате да бидете посреќни, развивајте пријателства и прифаќајте ги понудите на пријателите за пијалок, за дружење во ноќен клуб, прошетки и слично. Развивањето на богат социјален живот не го правете како обврска, туку бидејќи е вредно, значајно и забавно. Активните луѓе кои постојано се во движење и кои поминуваат време со пријателите се најсреќни.

Не се споредувајте со другите
Амбицијата е здрава и ги прави луѓето среќни, но она што ги прави несреќни е завист. Споредбите со другите може да ги уништат придобивките од амбицијата, а корисни се само доколку научите нешто од нив. Фокусирајте се на своите цели и соништа. Само така ќе можете да уживате во своите амбиции и достигнувања.

Уживајте со шолја кафе во добро друштво
Многу од нас наутро ги буди мирисот на кафе и без тој пијалок невозможно е да го започнеме денот. Попладневно кафе во друштво на пријателите е една од причините кои нè прават среќни. Кафето нека биде само изговор за средба со вашите пријатели кои секогаш ве прават среќни.

Бидете свои
Како што не треба да се споредувате со другите, така треба да запомните и дека не треба да се грижите за тоа што мислат другите за вас. Бидете свои, весели, спонтани, природни и реални, кажувајте што мислите и чувствувате, и не грижете се за тоа што другите го зборуваат за вас.

Огранизирајте се
Можеби понекогаш им завидувате на оние опуштени боемски типови на луѓе кои се спонтани и ништо не планираат. Но, своите цели може да ги остварите само со планирање и организирање.

Размислувајте позитивно
Криењето на емоциите и лошите чувства создава психолошка несреќа и физичка непријатност. Среќните луѓе зборуваат за нештата кои ги мачат. Исто така, мора да обрнете внимание и на развивање на оптимистичко размислување. Среќните луѓе секогаш ја гледаат светлата страна на нештата. Негативното „Чашата е половина празна“ заменете го со позитивното „Чашата е половина полна“. Оптимизмот е природен одбранбен механизам против депресија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>