Не ме сфатија, но не ми беше важно, знам дека го имам клучот за среќен живот. Нејзината насмевка, таа гламурозна насмевка. Ми даваше таква енергија што моето тело не можеше да престане да трепери. Тој поглед. Каква илузија. Се губев како честичка низ воздухот.
Ноќта тивко поминува, шумот на разиграните гранки од ветерот е единствената мелодија која преовладува. Шепотот на листовите ја пее најубавата љубовна песна.
Месечината го осветли нејзиното лице, тој блесок, таа убавина. Бојата на нејзината коса се преливаше во празниот простор помеѓу моите прсти на дланката. Не бев сигурен како се чувствувам. Само знаев дека ја посакувам. Нејзините очи зборуваа со мене, ми ги кажуваа нејзините најтемни тајни, проблеми, среќни моменти, додека јас трпеливо слушав. Го следев патот кој она го градеше. Ме однесе до едно место кое што беше толку длабоко во нејзината душа, што наликуваше на местото од нејзините соништа. Тој момент ја чувствував нејзината среќа, тага и болка. Таа ноќ сите мој проблеми ги оставив настрана, ги спакував и ги затворив во темната страна на мислата. Ми беше тешко да се опуштам со неа, да и верувам но… ете се обидов.
Понекогаш и на мотивот му треба мотив за да те инспирира. Ми требаше мотив за да продолжам понатака, после оваа ноќ јас имав повеќе од мотив. Јас ја имав неа! Инспирацијата на мојот живот. Поминуваа денови. Секој од нив си градеше империја од моменти во мојата глава. Не сум сигурен за ништо, но едно сигурно знам. Таа империја ќе се сруши, дента кога ќе ги изговорам следните зборови со мојата последна воздишка: “Ти беше мојот ангел, ти благодарам за сè!“.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Дали сум најбогат?“: Бобо Даневски
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Prekrasno! 🙂