Top

Од мало девојче, до…… она што сум денес!

Колку сум себична. Да себична сум па што? Не мислите сега така? Има време ќе го заклучите тоа. Сега ќе пишувам за мене, за мене и само за мене. Не верувате дека нема да го спомнам него, е баш нема. Не дека не мислам на него, но ќе пишувам за да престанам. И се започна вака…. Пред речиси дваесет и една година. Мало девојче, со бела коса, румени обравчиња со уште едно исто толку убаво и мило девојче, речиси идентично но една година помало и родители кој навидум ги прегазил забот на времето. Зелена трева, голема ливада, цвеќенце зад увото, сестринска прегратка, родителски бакнежи…. Сега само фотографиите сведочат за тоа време, за тие безгрижни детски денови, кога пронаоѓањето на отпушок во свежо искосената трева било вистински пронајдок. Моето омилено хоби. Малечкото девојче многу брзо се трансформира во мирен ученик, а нејзината сестричка во мал палавко. И школските денови поминаа со брзината со која врапчињата одлетуваат од коловозот кога ќе се приближи автомобил. А моето хоби се претвори во моја зависност, сега отпушоците се пред мене секојдневно. Ех каква иронија. И до каде бевме, до за некој најубавите, за мене повеќе денови кој ми навираат само солзи во очите, денови кои ми го земаат сонот, денови кои го оставија празна постелата веднаш до мојата глава. Сестринската прегратка, мојата мала палавка ја снема се изгуби како што сега се губи чадот од цигарите пред моите насолзени очи. Веќе оддамна го нема малото девојче, остана само тело во кое секоја клетка се надеваше дека ќе се вратат оние денови кога се тепаше со нејзината сестричка, кога ја чекав да се врати во доцните часови, кога ја оправдував нејзината отсутност од училиште… Тоа тело остана да постои се до моментот кога созреа, кога за последен пат го слушна средношколското ѕвенче! И честитки! Сега сум веќе академски граѓанин и тоа каков академски граѓанин. Портокалова коса, всушност само на половина глава, другата глава без коса, но со симболика, симбол за моето половина празно срце. И потоа црвена, па после пак портолова, должината веќе ја скратив половина, и студентските денови веќе половина завршија. А сега каде е мојата коса ја нема и тоа малку што остана ќе дојде време кога ќе го нема. Како што ги нема детските денови, како што ја немам нејзе, но од се што нема само косата ќе се врати, или можеби и нејзе ќе ја снема засекогаш, во деновите кога денес ќе биде она што се деновите кога си играв во песокот за денес. Двесет и една година, а како вчера да беше кога ме возеа во количка, кога си играв со куклите, кога правев сарми од зелени листови, кога ја учев азбуката, а, б, в, д, ….. ЈАС малото мирно девојче се претворив во исто толку луда девојка во денешниот помалку луд свет. ЈАС од крв и месо, јас со големо срце со тебе во него, и пак те спомнав тебе зарем морав. Јас, јас, јас… Дали мислите дека сега сум себична, малку себично кажано, но јас не мислам така!


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Од мало девојче, до…… она што сум денес!“: Ана Велева

Facebook FAN page




1 Коментари

  • Вик вели:

    Многу убав текст.. Најинтересен ми е делот “кога ја учев азбуката, а, б, в, д, …“. Изгледа не си ја научила убаво азбуката :)))

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *