Интензивниот сексуален нагон е најголемата причина поради која посилниот пол изневерува. И тие имаат моќ како жените да го контролираат тој нагон, само нив им е потребна поголема самоконтрола. Истражувањата на американскиот Универзитет во Тексас, покажуваат дека гените се виновни за склоноста на мажите кон љубовни афери. Изневерувањето не се случува поради недостаток на контрола, туку поради силниот сексуален нагон.
Научниците на испитаниците им покажале фотографии со припадници од спотивниот пол на кои имало натписи „Добро за Вас“ и „Лошо за Вас“. Мажите за разлика од жените тежнееле да ги изберат оние партнери на кои не можеле да им одолеат, без оглед на натписот на фотографиите. Силниот интензитет на сексуален нагон ги тера мажите на изневерување. Бидејќи нивните импулси се посилни за разлика од оние кај жените, потребна им е поголема самоконтрола. Авторот на ова истражување Пол Иствик, вели дека и мажите како и жените имаат самоконтрола, но доколку за момент се опуштат нивните секусални нагони може да дојдат до поголем израз.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!