Top

Јас и мојата колешка <3

Ден 1: Доаѓа на работа, ти се смешка, те прашува дали сакаш да ти свари кафе (и шолјата ќе ти ја измие ако треба), те вика на пуш пауза и додека да седнеш на биро, веќе е во канцеларијата на директорот и му ги раскажува деталите од вашиот муабет. Мисли собира поени (најчесто е и така), се гребе за унапредување, повисока плата, се лигави за некој мини бонус, службен телефон или автомобил. (хахахаха, автомобил… заборавам дека сме во МК)

Ден 8: Истото сценарио – кафе мафе, па оп, на отчет во директорската канцеларија. А тебе ’колега‘, кој те ебе… упс, кој те шиша!!!

Ден 18: Цела насмеана ти вели: “Колега (зашто некои луѓе и понатаму се ословуваат меѓусебе како да се во Титово време???) абе, ќе можеш само да ми го искуцаш ова на пи-си? Глава не знам кај ми, I need help.“

Ден 24: Трепка со очите, малку ти го открива и деколтето, па те моли да ја завршиш нејзината работа. Не може да се лакира и да пишува во исто време. Што ако се уништи лакот? А одма после работа мора да оди на жежок date!!!

Ден 45: Веќе се навикнала да те моли за услуги, па кога културно и кажуваш дека заради нејзината нема да успееш ја завршиш твојата работа, не дочекува да ја завршиш реченицата, туку трча да те исцинка кај директорот.

Ден 66: Не те моли, туку ти наредува да го изработиш и нејзиниот дел, треска со документите по масата, ти се заканува и конечно отворено ти кажува дека ако не ја послушаш, директорот ќе преземе мерки – твојата плата, твојата пиш-пуш пауза. Си дозволува дури и да ти се закани со отказ во негово име. Те нарекува неспособен, мрзелив, трапав, вреска, ја слушаат сите клиенти во зградата во која работите.

Ден 147: Дава отказ со објаснување дека е премногу добра за таа работа, дека никој не го гледа нејзиниот потенцијал (веќе некое време не оди во канцеларијата на директорот), дека сите и работат позади грб, дека нема намера веќе да се расправа со идиоти (и додека го кажува тоа гледа во тебе)…

Бај бај бејби. Џабе ти е и да се депилираш редовно ако….

Јазик со трајна депијација




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>