Top

Туна со спот од светски ранг за „Pardon“

Туна, после соработките со Cozman и Ghetto Geasy, конечно со соло проект. Темата „Pardon“ ја потпишуваат Kico n’Torch, Onat и Дарко Димитров, а пак, видеото е во комплетна реализација на „Max Production“.

Албанските онлајн медиуми спотот го оценија како секси и провокативен со акцент на феминизмот, а ние би го закитиле со епитетите моќен и светски!

Во видеото свој придонес имаат Иван Ангелковски кој ја осмисли кореографијата заедно со танчерите од „Beatrix Crew“, како и стилистите Јелкица Поповска и Нико Комани.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *