Постојат креации кои привлекуваат внимание, и постојат оние што оставаат впечаток. Токму на таа граница меѓу модата, уметноста и емоцијата се наоѓа новата невестинска колекција на „ПРОКОПИЕ Ателје“ (PROKOPIE Atelier) – бренд кој ја гради сопствената интерпретација на современата невестинска елеганција.
Новата колекција ја спојува безвременската романтика со посмел и современ моден израз. Преку внимателно обликувани корсети, впечатливи волумени, прецизно дефинирани силуети и суптилни детали, секоја креација добива сопствен карактер и препознатлив дизајнерски потпис.
Во фокусот е убавината на контрастите – нежноста и драматичноста, класичната елеганција и современата смелост, префинетоста и изразената индивидуалност. Секој модел е осмислен како посебна модна приказна, создадена за невестата која не сака само да изгледа убаво, туку и да остави свој личен печат.
Со јасно дефиниран дизајнерски идентитет и сè поизразена меѓународна ориентација, „ПРОКОПИЕ Ателје“ продолжува да ја гради својата приказна во светот на невестинската мода. Создава креации за жените кои ја препознаваат убавината во деталите, ја ценат индивидуалноста и веруваат дека вистинската елеганција никогаш не излегува од мода.
Instagram: @prokopie.kaev
Web: www.prokopie.com



























Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!