Овен
Прекумерното внесување храна лошо се одразува на организмот. Можни се проблеми со холестерол или шеќер во крвта. И сигурно е дека сте здебелени. Не реагирајте бурно кога партнерот е во прашање, бидете пофлексибилни.
Бик
Не се оптоварувате со љубовта, пребирливи сте и според многумина затоа и осамени. Свртете го вниманието кон себе поинаку од она што го правевте досега и не запоставувајте ги блиските. Барем за момент заборавете на материјалното, релаксирајте се.
Близнаци
Иако мислите дека другите се во конфузија, грешите, сите проблеми доаѓаат од вашата глава. Понекогаш се однесувате како главен лик на опсесивно посесивен психо-филм. Не живејте во минатото и оставете ги луѓето намира.
Рак
Иако партнерот греши, го сакате и се’ му простувате. Доколку сфативте дека нешто не е во ред со него, бидете трпеливи, бидејќи се’ ќе дојде на свое место. Проблемот е од органска природа, но е безопасен. Ќе дојде до хармонија, бидејќи не очекувате ништо особено.
Лав
Поради опасност од настинки и проблеми со грлото, бидете внимателни со ладните напивки. Се наоѓате во дилема и стравувате поради нешто. Морате да бидете внимателни и да избегнувате вербални дуели со партнерот.
Девица
Исхраната сведете ја во разумна мера. Со партнерот се расправате околу парите. Го обвинувате дека многу троши. Сепак, се сложувате на други полиња и имате разбирање еден за друг. Продолжете со старо темпо.
Терезија
Слабата точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи тие се поврзани со вашето расположение, потрудете се да го ублажите проблемот. Не очекувајте премногу од новиот партнер. За промена, вие направете нешто.
Скорпија
Сфаќате дека немате причина за паника, па се чувствувате како нови. Поумниот попушта. Тоа, најверојатно, сте вие, бидејќи на партнерот не можете да се потпрете. По се’ изгледа загубил многу нерви попатно.
Стрелец
Нема ништо поубаво од тоа кога вие ќе се вљубите. Препуштете им се на партнерот и на уживањето. Пред вас се долги денови и уште подолги ноќи. Внимавајте на непланирана бременост или обезбедете заштита.
Јарец
Нервната напнатост е реакција на недоволната самодоверба. Љубовта не ви е возвратена, но не разочарувајте се. Можеби треба да обрнете внимание на луѓето за кои знаете дека ви ја држат страната.
Водолија
Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку на време се посветите на нивното санирање. Ве убива монотонија. Нова љубов е на повидок. Уживајте во прегратките на партнерот и потрудете се магијата да потрае.
Риби
Иако немате причина за депресија, тешко ќе ја поднесете. Со партнерот склучивте примирје, па очекувате мирен период. Доколку сте слободни, ве очекува нова љубов. Обрнете внимание на физичка активност.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!