Top

Од што би се откажал мажот за вистинската жена?

Вљубениот и зрел маж на својата сакана ќе и даде љубов, почит и поддршка, но исто така ќе се откаже од некои навики или нешта кои може да му попречат во врската. Секако тој од тоа ништо нема да изгуби, напротив…

За вистинската дама секој маж ќе се откаже од следните нешта

Своето его
Егото на мажот е најизразено во 20-те и токму таму треба и да остане. Со текот на годините доаѓа и свеста за тоа дека не е совршен и дека има уште многу работи кои треба да ги научи и токму тогаш му е потребна вистинска жена која ќе му го насочи вниманието на некои важни работи.

Потребата секогаш да биде во право
Расправиите и малите кавги не се нешто невообичаено. Во тие ситуации важно е паровите да бидат флексибилни и подготвени за компромис. Ако едната половина не е подготвена да го сослуша мислењето на другиот партнер, тоа веројатно ќе прерасне во голем проблем.

Незрелоста
Аверзијата кон романсата и склоноста за избегнување на обврски можеби била ок кога бил млад, но кога треба да се градат темели за иднина со зрела и афирмирана жена едноставно мора да го прилагоди својот пристап.

“Краткорочно“ размислување
Во младите денови живеел од денес за утре, но кога во неговиот живот ќе влезе жена со која ја гледа својата иднина, тогаш мора да размислува на долги патеки.
Бидејќи е невозможно за жената да планира живот со некој кој нема никаква визија за себе.

Лошите навики
Пиењето, пушењето, трошењето пари на глупости и постојаното заглавување на кредитната картичка треба да станат минато.

Иако вистинската жена ќе го сака својот партнер онаков каков што е, сепак нема да ги спушти своите критериуми и да пушти во својот живот маж кој не е одговорен и стабилен.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *