
“Преместувањето на рок-вечерта за 18-ти февруари е причината поради која моравме да ја дислоцираме диско вечерта на SCREAM MUSIC FESTIVAL од Метрополис Арена. Рано утрото на 17-ти нашата техничка екипа ќе започне да ја мести сцената на која ќе настапат бендовите во сабота, а истите тие во петок треба да имаат и генерална проба на таа сцена. ДЈ-ите кои ќе настапат на диско вечерта на огромно задоволство прифатија настанот да се одржи во клубот Колосеум со цел да бидат поблиску до публиката и да ги почувствуваат заедничките вибрации. Колосеум има капацитет да ги собере сите почитувачи на клубската сцена и не се сомневаме дека во петок ќе се случи шестчасовен спектакл за кој долго ќе се зборува.” – изјавуват организаторите Нова Икс Идеја.
Сите технички елементи кои беа најавени како составен дел од диско вечерта на Скрим Мјузик Фестивал ќе бидат дел од сетовите на ДЈ-ите во клубот Колосеум. Цената на билетите кои можат да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk, Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор изнесува 600 денари.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!