“Отежнатата состојба на меѓународните патни правци е причината поради која го одложуваме случувањето на рок спектаклот на SCREAM MUSIC FESTIVAL за 18-ти февруари. Сакаме гостите од соседството да пристигнат безбедно и на своите обожаватели од Македонија да им овозможат вистинско рок доживување.” – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.
Билетите кои беа пуштени во продажба за 11-ти февруари ќе важат за новиот датум на случувањето на настанот, 18-ти февруари. Продажната мрежа на mktickets.mk, Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата каде можат да се набават влезниците за ова второ издание на SCREAM MUSIC FESTIVAL по цена од 600 денари и 800 за галерија. На самиот ден на фестивалот на вратата на Метрополис Арена билетите ќе изнесуваат 800 денари.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!