СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА (27.02.2012 -понеделник, 20:00 часот) од Тенеси Вилијамс, во режија на Иван Манасковски. Главните улоги ги толкуваат: Катина Иванова, Филип Трајковиќ, Трајанка Илиева и Жарко Димоски.
ГЕНОЦИД 21 (28.02.2012 – вторник, 20:00 часот) од Љубиша Георгиевски под режисерската палка на Владлен Александров. На штиците што живот значат ќе зачекорат Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски и Роберт Вељановски.
ХАМЛЕТ (29.02.2012 – среда, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (01.03.2012 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.
ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (02.03.2012 – петок, 20:00 часот). “Грев или шприцер” од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.

МРТВИОТ ДОМ – Монодрама (Премиера) (03.03.2012 – сабота, 20:00 часот) според Ф.М. Достоевски, а во режија на Ирена Стеријовска. Крсте Јовановски ја толкува оваа монодрама.
![]()
На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!
Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!