Top

Хороскоп за петок (05.05.2017), 2 од 2



ТЕРЕЗИЈА
Од некоја непозната причина денеска ќе се однесувате тотално недоверливо спрема луѓето во вашата околина. Во ред е да не им верувате на некои од завидните соработници на работа, но немојте да се однесувате параноично.

СКОРПИЈА
Можеби нема да верувате, но вистина е дека квалитетот на вашата љубовна врска зависи од компромисот, простувањето и од приспособувањето. И тоа вреди само за вашиот партнер, туку и за вас. Иако ви паѓа тешко, барем обидете се.

СТРЕЛЕЦ
Крајно време е објективно да ја согледате својата емотивна ситуација. Тргете ги розовите очила и погледнете што ви пречи најмногу. Верувајте, доколку го направите тоа, ќе си го решите проблемот и измачувањето во кое се наоѓате во последно време.

ЈАРЕЦ
Доколку сте родител, денеска треба да им посветите поголемо внимание на своите деца. Најдете некоја забавна содржина и одете таму заедно. Истовремено, обидете се и да поразговарате. Можеби ќе се изненадите како децата пораснале преку ноќ…

ВОДОЛИЈА
Ако сте во долга и бесконечно исцрпувачка врска- еве ви причина за радост! Конечно, ќе ги расчистите работите и ќе си појдете по својот пат. Ќе видите дека после раскинувањето ќе станете сосема нова личност. Ќе бидете изненадени.

РИБИ
Генијални сте. Додека сите се одмораа преку викендот, вие одлучивте тоа да го сторите токму денеска. Доколку навистина мислите дека сегашниот распоред на мебелот во домот ви оди на нерви- сменете го. Секако, за тоа ќе ви бидат потребни мускули.