ОВЕН
Денеска случајно би можеле да слушнете некаков трач за својата подобра половина. Размислете за тоа дали треба да и’ кажете или не, иако играта со отворени карти е препорачлива. Трачот може да биде и невистинит, но добро е да го предупредите партнерот.
БИК
Доаѓа есен, а вие веќе размислувате за некаква спортска активност што ќе ве одржи витални во текот на зимата. Супер идеја, само не дозволувајте да остане без реализација. Размислете подобро и сигурно ќе најдете некое место во кое ќе може да спортувате.
БЛИЗНАЦИ
Ве мачат љубовни проблеми, а вие веќе размислувате да посетите некој надрилекар? Па, тоа и не е баш типично за вас, но ако сакате, тогаш- сторете го. Само немојте многу сериозно да го сфатите тоа што ќе ви го кажат. Сепак, вие си ја ковате сопствената среќа.
РАК
Драматични сте. Дури и Шекспир е гола вода за вас. Што е проблемот? Вие сте најнесреќната личност на светот? Каснете малку чоколадо или нешто благо. Веднаш ќе ви стане подобро и ќе се ослободите од своето глупаво самосожалување.
ЛАВ
Ве очекува добра забава, но тоа сигурно не значи дека веднаш можете да седнете во автомобилот и да заминете некаде надвор од градот. Прво (за жал) мора да ги завршите обврските на работа, а дури потоа да го планирате денот. Стрпете се, вечерва ќе уживате.
ДЕВИЦА
Денешниов ден ќе биде преполн со друштвени случувања. Каде и да се појавите и во што и да учествувате, вие ќе бидете крал/ица на шармот и комуникативноста. Искористете го тоа и на полето на работата. Спојте го убавото со корисното!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!