Top
trudnica

Неопходни додатоци во исхраната на трудниците

Здравата, разновидна и врамнотежена исхрана е доволна да ги задоволи вашите прехрамбени потреби, но и потребите на вашето бебе додека се наоѓа во вашиот стомак. Затоа, потребата за нив не мора комплетно да ја задоволувате со фармацевтски витамини и минерали.

  • Фолна киселина
    Фолната киселина припаѓа во групата на Б витамини. Таа помага во нормален развој на невралната туба, односно спречува сериозни вродени дефекти на ‘рбетниот мозок. Неа ја има во зеленчук со зелена боја, во цитруси, овошје и грав.

  • Железо
    Месото е главен извор на железо. Трудниците кои не внесуваат доволно железо преку својата исхрана, може да станат слабокрвни или анемични. Поради постоење недоволен број на крвни зрнца кои носат кислород, се појавува замор, главоболка и бледило.

  • Јод
    Јодот е потребен за производство на тиреоидните хормони и помеѓу останатото за развој на мозокот. Морската риба и јодираната сол се најдобрите извори на јод.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>