Top
Bidete-prekrasni-za-vreme-na-bremenosta-iLike-mk

Изгледајте совршено за време на бременоста

Повеќето жени стравуваат дека за време на бременоста ќе станат непривлечни и дека таа ќе им го одземе целиот гламур. Постојат многу начини жените да останат привлечни за време на бременоста.

Подобрете го изгледот на кожата
За време на бременоста постои фаза во која вашиот доктор треба да го следи начнот на вашата исхрана. Разговарајте со него и побарајте совет со кои намирници можете да го подобрите изгледот на вашата кожа.

Внимавајте на килограмите
Премногу калорична исхрана може само да го отежне патот на хранливите материи до вашето бебе, затоа во договор со вашиот доктор конзумирајте намирници кои се добри за вашето здравје, а нема да ја зголемат вашата тежина.

Носете фустани
Поради бременоста нема да можете да ги носите вашите омилени парчиња облека, но тоа не значи дека треба да го оставите гламурот заедно со нив. Долгите фустани ќе ја потенцираат вашата женственост и ќе ве направат гламурозна.

Редовно вежбајте
Консултирајте се со вашиот доктор или тренер за тоа кои вежби ќе ви помогнат во спречувањето на вишокот килограми. Вежбањето секако и позитивно ќе влијае на вашето расположение.

Бидете самоуверени
Доколку сте самоуверени и свесни за вашиот гламур, ќе зрачите со убавина. Позитивниот став ќе направи да бидете привлечни за време на бременоста подеднакво како во минатото. Бременоста е исчекување на нов живот, и тој период треба да го направите што е можно поубав.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *