Целулитот е еден од најголемите женски проблеми. Многу жени иако вежбаат и се трудат да изгледаат убаво сепак водат битка со него. Освен вежбањето и храната игра огромна улога во борбата со овој непријател. Постојат одредени намирници кои доколку ги консумирате често ќе ја намалат појавата и видливоста на целулитот.
• Консумирајте намирници кои содржат голема количина на витамините А, Ц, Е и К бидејќи тие го подобруваат тонусот на кожата и ги зајакнуваат вените и капиларите. Ограничете го количеството на сол кое дневно го внесувате во организмот.
• Избегнувајте ја минералната вода и консумирајте обична.
• Јадете што повеќе овошје кое содржи доста течности како лубеница или манго.
• Лукот е одличен сојузник во борбата против целулитот бидејќи го забрзува метаболизмот и ги намалува масните наслаги, а на тој начин влијае и на намалување на целулитот.
• Во вашата исхрана внесете и ѓумбир. Тој ќе ве ослободи од вишокот течности насобрани во вашето тело. Ја подобрува циркулацијата, а тоа значи и помалку целулит. Исто така, и рузмаринот има слични ефекти како и ѓумбирот.
• Намалете ги жолчките од исхраната и дајте им предност не белките доколку сакате помалку целулит. Доколку ги јадете, тоа нека биде исклучиво за појадок, никако за вечера или ручек.
• Во борбата со целулитот исто така помагаат и кељот и брокулата кои се богати со хранливи материи кои помагаат за создавање на колаген и подобра апсорбција на калциумот кои ви се од клучна важност доколку сакате тело без целулит.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!