Зелениот чај е совршенo здрав производ заради неговите антиоксидативни состојки. Првично, зелениот чај беше многу популарен во Кина и до денес се користи за лекување на главоболки и депресија.
Покрај здравствените придобивки, зелениот чај има голем број на позитивни ефекти поврзани со кожата и телото. Зелениот чај помага за подмладување на кожата и може да се користи и за лекување на рани и заболувања на кожата. Делува како природен тонер, помага да се отстранат нечистотиите, да се намалат порите и ѝ дава сјај на кожата.
Третман за уморни очи и подочници
Ставете две кесички зелен чај во фрижидер 30 минути. Ладните кесички чај ставете ги на затворени капаци. Седнете и опуштете се 15 минути. Користете го овој метод 2 пати на ден, сè додека не бидете задоволни со резултатите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!