Top
topa supa

Храна која треба да се практикува за време на настинка

Храната игра важна улога во борбата против многу болести. Повеќето луѓе мислат дека знаат која храна која треба да се консумира кога организмот се бори против опасна болест, но малкумина знаат каква храна може да ја подобри здравствената состојба.

Чај или топла лимонада
Чајот помага при болки во грло и воспаленија. Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои му помагаат на организмот во борбата против инфекции. Топла лимонада, исто така, може да помогне. Мекиот слој на портокалот, лимонот или грејпфрутот содржат флавоноиди кои го зајакнуваат имунитетот.

Пилешка супа
Пилешката супа не е само топол и хранлив оброк. Научниците тврдат дека супата помага да се намали активноста на белите крвни клетки. Токму тие се одговорни за респираторните проблеми кои често се јавуваат за време на настинка.

Црно вино
Содржи антиоксиданти кои му помагаат на телото да се бори против инфекции, особено на дишните патишта. Сепак, внимателно со вино. Никогаш не треба да мешате алкохол и апчиња.

Ѓумбир
Ѓумбирот е ефикасен при стомачните проблеми, како запек, надуеност и повраќање. Ѓумбирот е сојузник во борбата против настинки и грип, а комбинацијата на ѓумбир, лимон и мед ги победува сите инфекции.

Сода бикарбона
Сода бикарбоната создава неутрална pH вредност во желудникот. Мешавина од вода и сода бикарбона е практичен начин за смирување на желудникот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>