Top
przena-hrana

Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот

Доцната вечера, односно внесувањето храна во организмот после 19 часот може да биде опасно по вашето здравје. Доколку сепак се одлучите да јадете после 19 часот, тогаш трудете се да ги избегнувате следниве намирници.

Пржена храна
Масната храна е богата со калории и маснотии, но и тешко се вари, поради што наутро можете да се чувствувате тешко и уморно.

Црвено месо
Како и масната храна, така и црвеното месо тешко се вари, поради што проблем би ви било да заспиете. Црвеното месо е најлош избор на храна после 19 часот, но и голема порција пилешко месо ќе има исто така лошо влијание.

Зачинета храна
Уживањето во лута и зачинета храна после 19 часот може да ве чини добар сон. Освен тоа, премногу зачинетата храна предизвикува надуеност и го попречува варењето, особено ако после консумирањето таква храна, веднаш отидете во кревет.

Шеќери и кофеин
Шеќерот и кофеинот може да предизвикаат немирен сон. На пример, чоколадата го содржи и едното и другото. Подобар избор би било топло чоколадно млеко со низок процент масти.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>