Top

Услови за користење

iLike.mk е забавен сајт кој не презема содржини од други македонски сајтови, но користи содржини од странски сајтови во рамки на условите за Праведна употреба. Притоа, сите објавени соржини се од забавен карактер и не мора да значи дека се 100% точни.

Со овие услови и правила се овозможува користење на содржините и услугите на сајтот. Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат.

Содржините на сајтот се целосно бесплатни за сите корисници. Меѓутоа, строго е забранета нивна злоупотреба и користење за незаконски цели.

На корисниците на сајтот не им е дозволено:

1. Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат постоечките закони на Република Македонија или меѓународните закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин;

2. Објавување, испраќање и размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штeта на други корисници;

3. Лажно претставување;

4. Објавување и испраќање на содржини на корисници без нивно барање или согласност;

5. Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој друг компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема;

6. Користење на сајтот за испраќање на небарани комерцијални содржини (спам).

iLike.mk се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на корисниците. Сајтот не прибира и не чува лични податоци за корисниците.

Содржините на сајтот може да се користат само за индивидуални потреби и информирање на корисниците. Сопствените содржини на iLike.mk се заштитени со авторски права и нивното менување и позамување е можно со претходна писмена дозвола од уредничкиот тим.

Доколку сметате дека нашиот сајт ги има повредено Вашите авторски права, можете да нѝ пишете на contact@ilike.mk и после направениот увид, содржините ќе бидат отстранети.

iLike.mk го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина или услуга без никаква претходна најава. Сајтот не презема одговорност за било каква штета настаната од овие промени.

iLike.mk го задржува правото на промена на Условите за користење во било кое време без претходна најава. За било кои поголеми промени може да ги известиме корисниците со објава на насловната страница. Со Вашето користење на нашите содржини сметаме дека во секое време сте запознаени со актуелните правила.