Лубеницата го намалува крвниот притисок кај луѓето со прекумерна телесна тежина и може да го намали ризикот од срцев удар. Ова го покажуваат резултатите од едно истражување спроведено на универзитет од Флорида.
Научниците откриле дека лубеницата значително го намалува крвниот притисок на луѓето со прекумерна тежина, дури и кога се изложени на ладно. Повеќето луѓе умираат од срцев удар во ладно време бидејќи нивното тело обидуваќи се да ја задржи топлината е изложено на стрес, што доведува до покачување на крвниот притисок. Тоа го поттикнува срцето да работи повеќе, со што луѓето се соочени со поголем ризик од срцев напад.
Истражувањето спроведено на 13 луѓе кои имале проблем со крвниот притисок,а траело повеќе од 12 седмици, покажало дека притисокот на аортите и на срцето се намалуваат после консумирањето на екстракт од лубеница.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!