Top
kafe_iLIke

Не пијте кафе на празен стомак!

Неспорно е дека кафето е добро за нашиот организам, но сепак наутро не треба да се пие на празен стомак.

Aко испиете една шолја црно кафе на празен стомак тоа доведува до отпуштање на хидрохлоричната киселина внатре во дигестивниот систем. Ако веќе боледувате од гастритис, тогаш тоа сигурно сте го почувствувале. Кога ќе изедете нешто „тешко”, тоа може да предизвика проблеми со варењето на храната, бидејќи ќе дојде до потешкотии при разложувањето на протеините. Кога протеините не се потполно разложени, тоа може да доведе и до други проблеми како што е воспаление на цревата, надуеност, иритација, па дури и рак на дебелото црево.

Токму од овие причини експертите предупредуваат дека кафето никогаш не треба да се пие наутро веднаш штом ќе се разбудите. Причината е таа што тоа ќе го подигне нивото на кортизол многу брзо и на телото ќе му биде потребно многу време за да се врати во нормала. Овој хормон го контролира нашиот биолошки часовник и способноста да останеме будни.

Освен тоа, консумирањето на кафе на празен стомак ќе го подигне нивото на киселини во желудникот, што може да доведе до надуеност и повраќање. Затоа кафето треба да се пие час време после будењето. Тоа подразбира и дека нешто морате да изедете нешто пред тоа.

Доколку сте тип на личност која не може да го започне својот ден без шолја кафе, има уште еден трик кој можете да го искористите за да ги намалите штетните ефекти, а тоа е да додадете малку млеко во кафето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>