Top
Stylish-girl-drinking-coffee-iLike-mk

Вашето омилено кафе зборува за Вашиот стил

Веројатно двете најомилени работи на многу жени се утринското кафе и добро осмислена модна комбинација. Ако ги споите тие две работи, ќе видите како тие две работи, совршено се надополнуваат и многу зборуваат за личноста која стои позади нив.

Вашата нарачка на кафе зборува за Вашиот став кон модата. Дали сте оригинални, класични или уметнички расположени, откријте со помош на еден кафе.

Црно кафе – минимализам
Личноста која нарачува обично црно кафе е ориентирана кон минимализам, кон едноставен стил. Плакарот им е полн со неутрални бои и многу успешно ја комбинираат црната и белата боја при облекување.

Кафе со млеко – класични и во тренд
Кафе со млеко ќе нарача личност во чиј плакар преовладуваат фармерки, плетени парчиња од облека и обични маици. Лесно и често комбинираат стилови, но не претеруваат во оригиналниот и индивидуален пристап кон модата.

Еспресо – оригинален стил
Впечатливи модни детали, уникатни парчиња од облека и смел смисол на комбинации, стои позади личноста која го сака ова кафе.

Ладно кафе – трендсетерици
Секогаш се во барање на нови модни парчиња од облека, кроени по последните трендови. Класичните парчиња од облека ги сметаат за досадни и се радуваат на промени во модата и на модни ревии.

Капучино – класичарки
Класична и софистицирана личност, без поголеми филозофии и потреба за истакнување. Во плакарот имаат најмногу класични парчиња од облека која планираат да ја имаат засекогаш.

Кафе со млеко и многу пена – уметнички души
Плакарот на личноста која пие кафе со многу пена е полн со разнобојни и оригинални парчиња облека кои внимателно ги комбинираат во склад со приликата и местото на излегување.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *