Top
piling-so-kafe

Пилинг од кафе за убава кожа

Редовната нега на кожата со пилинг од кафе го враќа нејзиниот сјај и ја хидрира. Овој пилинг може да се користи за лице и тело, а се подготвува многу едноставно. Прилично е ефикасен во елиминирање на целулитот и што е најважно, не е воопшто скап.

Потребни состојки:
– 1 шолја мелено кафе
– 1 шолја шеќер
– ½ шолја маслиново масло
– 1 лажица цимет

Подготовка и употреба:
Сите состојки се мешаат и смесата се чува во херметички затворен сад, на темно место. Пилингот се нанесува на влажна кожа, при што се трие со кружни движења, неколку минути. Потоа кожата се мие со млака вода и се брише со крпа, со тапкање.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *