Top
Зголемете ги шансите за забременување

Зголемете ги шансите за забременување

За да се зголемат шансите за блажена состојба на жената, треба да се применат и неколку едноставни совети. Во остварување на таа цел помага сон од 7 часа и станување секој ден во исто време. Според спроведена студија, на тој начин шансите за забременување се зголемуваат за 25%.
Според научниците во Центарот за репродуктивна медицина во Бостон, навиките за спиење се тесно поврзани со животниот стил, здравјето, но и плодноста на жената. Тие анализирале 656 жени кои посетувале ист третман за помош при забременување. Жените кои не спијат редовно, односно имаат недостаток на сон имаат помали шанси за оплодување, за разлика од оние кои спијат повеќе од 7 часа дневно.
Д-р Даниел Парк, водач на студијата вели дека луѓето кои нередовно спијат обично и нередовно јадат, а сето тоа ја намалува можноста за забременување. Тој објаснува дека целокупното спиење се поврзува со нивото на кортизол во крвта (хормонот на стрес) кој влијае и врз нивото на половите хормони и на тој начин ги диктира шансите за оплодување.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>