Top
Na-shto-treba-da-go=nauchite-vasheto-dete-iLike-mk

На што треба да го научите своето дете пред пубертетот?

Пред да влезат во пубертет, децата би требало да научат неколку важни животни лекции кои во голема мера ќе им користат во иднина.

Љубезноста е моќ, а не слабост
Не е „машки“ да бидеш груб. Премногу често ја потценуваме моќта на љубезноста, која може да го промени светот на подобро.

Телото на девојките им припаѓа само на нив
Немаш право на женското тело, без оглед на тоа колку долго се забавувате. Таа е онаа која што одлучува за своето тело, исто како што ти одлучуваш за твоето.

Истражувај ги своите чувства
Употребувај ги своите зборови. Нашите општи чувства и размислувања се она што не прави луѓе.

Готви, чисти и пери ја својата облека
Секој човек би требало да знае да си зготви нешто вкусно, да исчисти зад себе и да ја испере својата облека.

Кажувај „молам“, „благодарам“ и „извини“
Манирите се важни дури и во овие модерни времиња. Благодарение на нив, ќе се издвоиш од толпата на училиште, на работа и во сите идни односи.

Не им верувај на сите
Немој да веруваш никому. Луѓето треба да ја заслужат твојата доверба.

Верувај во себе
Имаш се што е потребно да ги оствариш своите соништа. Само верувај во себе.

Не им ги опишувај на пријателите своите љубовни потфати
Тоа е непочитување и непристојно. Твоите пријатели не мора да бидат запознаени со интимни детали.

Немој да ги исмејуваш другите
Секој човек е љубител на духовитост и сарказам. Но, тоа не е секогаш правилен начин да разговараш со луѓето.

Истражи го светот
Погледни нови нешта, истражувај, отвори нови хоризонти. Земи ранец и патувај низ Европа, Африка, Азија…




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>