Top
menstrualni-bolki

Намалете ги менструалните болки по природен пат

Постојат многу начини како можете да ги намалите менструалните болки, но здравата и добро балансирана исхрана дефинитивно најдобро ќе ви помогне. Стручњаците препорачуваат пред да земете лекови за менструални болки, да пробате на природен начин да ги ублажите болките.

Зголемете го внесувањето на вода
Со зголеменото внесување на вода во организмот, ќе го спречите собирањето на водата во телото и ќе го намалите ризикот од надуеност. Топлата вода е најдобра за намалување на грчеви, бидејќи ги опушта мускулите. Исто така можете да го зголемите внесувањето на намирници кои содржат поголема количина вода, како: зелена салата, целер, краставица, лубеница,бобинки (јагода, боровница, малина).

Зголемете го внесувањето на калциум
Калциумот го поттикнува опуштањето на мускулите во текот на менструацијата. Препорачлива дневна доза на калциум за жени од 19-50год. е 1000 милиграма. Нaмирници богати со калциум се: млеко и млечни производи, сусам, бадеми, зелен лиснат зеленчук. Калциумот е достапен и во облик на суплементи, но пред почеток на земење на суплементи, прво посоветувајте се со лекар.

Консумирајте цимет
Циметот со векови се користи за ублажување на симптоми од грип и настинка и стимулирање на работата на дигестивниот систем. Овој зачин е многу добар извор на диетални влакна на калциум, железо и манган. Ова е комбинација која може да ги ублажи менструалните болките.

Консумирајте ѓумбир
Голем број на истражувања покажуваат дека ѓумбирот има позитивно влијание на здравјето. Може да ги намали симптомите на грип, настинка, главоболка и менструална болка. Изрендајте парче ѓумбир и додадете во топла вода, процедете го и испијте го добиениот чај.

Јадете здрави намирници како:
– кафеав ориз, бидејќи е одличен извор на витамин Б6, кој ја намалува надуеноста
– бадеми, ореви, семки од тиква, бидејќи се одличен извор на манган, кој ги намалува грчевите
– маслиново масло и брокула, бидејќи претставуваат одличен извор на витаминот Е
– риба, пилешко и зелен лиснат зеленчук, бидејќи е одличен извор на железо кој се губи при менструација




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>