Top
Iris-24092014-iLike-mk

5-годишно девојче болно од аутизам создава импресивни уметнички дела

Талентираната Ирис Грејс има 5 години и боледува од аутизам. Дијагнозата била поставена на нејзина 2-годишна возраст, а оттогаш е на интензивни третмани кои би требало да ја подобрат нејзината состојба.

Малата Ирис е вљубеник во природата, а особено сака дрвја, цветови и мачиња. Нејзините родители велат дека таа секојдневно црта и додаваат:

Кога лекарите открија дека Ирис боледува од аутизам, клучно беше да изнајдеме нешто што таа би сакала да го прави.
Ја однесовме во игротека, но за неа тоа беше премногу стресно. Имаше напад и неверојатно голем бес, ја гризеше устата додека не прокрвави. Па, поради тоа одлучивме да ѝ направиме домашна игротека. Земавме голем број играчки, но таа еден ден почна да црта и тоа многу ја расположи. Секое нејзино дело нè остава без здив!

Докоторите велат дека токму цртањето придонело за подобрување на нејзината состојба и концентрација.
Инаку, во моментов повеќе од 100.000 деца од Британија страдаат од аутизам.

Iris-crta-iLike-mk-001

Iris-crta-iLike-mk-002

Iris-crta-iLike-mk-003

Iris-crta-iLike-mk-004

Iris-crta-iLike-mk-005

Iris-crta-iLike-mk-006

Фасциниран од делата на Ирис, англискиот режисер Руперт Вард Луис изработил кусо видео за секојдневиото на ова слатко девојче.

Во продолжение погледнете сосема мал дел од портфолиото на 5-годишната уметничка.

Iris-24092014-iLike-mk-001

Iris-24092014-iLike-mk-002

Iris-24092014-iLike-mk-003

Iris-24092014-iLike-mk-004

Iris-24092014-iLike-mk-006

Iris-24092014-iLike-mk-009




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *