Top
napustanje

Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана

Понекогаш, колку и да е силна и колку и вие да сте решени да опстанете како пар, постојат ситуации и околности кога мажите едноставно се повлекуваат. Можеби е заљубен повеќе отколку што можете да замислите, но некои работи можат да застанат на патот. И внимавајте, понекогаш е во вас проблемот.

Сакате да го промените по секоја цена
За жал мал број на жени разбираат дека маж не се воспитува, тоа се прави со децата и тинејџерите. Во зрелите години посилниот пол има веќе формирани навики и стил на однесување. За љубов е спремен да промени некои работи и да направи компромис, но ако се обидете во целост да го промените партнерот тоа нема да заврши добро. Дали сакате да бидете со човек кој не е истиот од првиот момент кога се заљубивте? За почеток ќе почне да се чувствува загрозенено и непријатно, ќе се прашува дали е добар и што се случува со него, а потоа без да ви каже ќе тргне во потрага по жена која ќе го сака таков каков што е.

Постојано префрлате, вртите и му досаѓате
Разбирливо е дека не треба да молчите и дека треба да го “искарате” ако направил нешто погрешно или ви наштететил. Сепак, не треба да претерате и без престан да го кажувате истото. Континуираните приговори и постојаното барање грешки може да бидат контрапродуктивни и да го направат човекот да се чувствува навреден и помалку важен. Пасивно-агресивен став секако не е добра основа за успешна и здрава врска.

Мора да ве моли за секс
Во секој здрав однос, сексот е една од основите на врската. Ако немате, или го имате со сила и без желба, тоа негативно ќе влијае на вашата блискост и приврзаност. Сексот е важен дел од животот на секој маж, и ако неговата партнерка одбива, тоа ќе го тргне пополека, но сигурно од неа.

Го споредувате со бившиот
Можеби нема да признае, но никој маж на светов, без разлика колку е успешен, не сака да го споредувате со другите, особено не со неговите претходници. Ако постојано го ставате на исто рамниште со вашите поранешни партнери и велите дека тие се подобри од него, сериозно може да ја разнишате врската. Тој сака да биде најважниот и најдобриот човек во вашиот живот, а не да ги слуша пофалбите на сметката на вашиот поранешен партнер. Само ставете се во негова кожа – би трпеле такво однесување?




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *