Top
kafe

Зошто брзаме во тоалет после пиење кафе?

Студија објавена во 1990-та година во Журналот за гастроентерологија вели дека кај некои луѓе кафето предизвикува „гастроколонска реакција“ (позната како брза потреба за тоалет), а тоа се случува само некоја минута по првата голтка. Постојат многу истражувања кои сакаат да го објаснат влијанието на шолјата кафе врз нашите црева, но научниците сепак немаат сигурен одговор што точно нѐ тера итно да го посетиме тоалетот.

Постои позната теорија дека кафето влијае на епителното ткиво во стомакот и во тенкото црево. Тоа ослободува гастрин, хормон кој се произведува во стомакот и кој ја зголемува активноста на дебелото црево. Стомачната област е најблизу до ректумот, па затоа дел од научниците сметаат дека зголемената активност доаѓа од кофеинот во кафето и истата таа би можела да биде одговорна за ефектот на лаксатив.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>