Top
Mitovi-za-chokoladoto-iLike-mk

Заблуди за чоколадото кои треба да се надминат

Чоколадото со години беше на листата намирници кои треба да се избегнуваат, бидејќи е штетно по здравјето. Но, се испостави дека повеќето од нив немаат никаква допирна точка со вистината.

Чоколадото како и сите слатки задоволства, е опкружено со многу митови кои имаат единствена цел – да нè спречат да го консумираме. Токму тие митови треба да се разрешат!

Колку пати досега родителите ви рекле дека чоколадото ги расипува забите? Но, тоа е чиста заблуда. Имено, во 30 грама темно чоколадо има само 7 грама шеќер. Далеку помалку од едно мало јаболко.
Уште повеќе, лажица какао во прав воопшто не содржи шеќери.

Во тинејџерските години родителите ја променија приказната, па тогаш чоколадото стана причина за појава на акни. Но, не постои апсолутно ниту еден доказ за тоа тврдење, вели дерматологот Дијана Мек Шејн од реномираниот Универзитет Дјук. Со влезот во повозрасни години почнуваме да внимаваме на линијата и да слушаме дека чоколадото има висок процент на масти и дека затоа треба да се избегнува.
Вистината е следна: во 30 грама темно чоколадо има 12 грама масти, а од нив 7 грама се заситени. Исто така, една лажица какао во прав има само 1 грам незаситени масти. Па, нејзина препорака би било какаото.
Од друга страна, иста количина на темно чоколадо содржи 19% од вкупната дневна доза на железо, 2,2 грама протеини, како и бакар, фосфор, магнезиум, манган и 22,4 мг кофеин. Во споредба со ова, мал филџан кафе има четири пати поголема количина на кофеин.

Доколку јадете чоколадо, јадете квалитетно чоколадо!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>