Дали познавате некој кој не ужива во коцка чоколадо? Исто така, сите ние добро ги знаеме придобивките од чоколадото, особено од црното чоколадо.
Веројатно, поголем би бил меракот доколку го приготвите сами, во домашни услови.
Потребни состојки:
– 300 грама млеко во прав
– 100 грама какао
– 100 милилитри вода
– 250 грама маргарин
– 500 грама шеќер
– 1 ванилин шеќер
– масло
– лешник
– суво грозје
Начин на приготвување:
Измешајте го какаото со млекото во прав, но внимавајте да не останат грутки. Потоа варете ги водата, маргаринот, шеќерот и ванилин-шеќерот. Соединете ги добиените смеси и продолжете да ги варите заедно. На така добиената смеса додадете ги лешниците и сувото грозје, а потоа ставете ја во тепсија обложена со хартија за полесно да се извади. Или пак, искористете калапи, зависно од формата која сакате да ја постигнете, но не заборавајте да додадете масло во калапот.
Најдобро би било чоколадото да го ставите во ладилник да отстои 2 до 3 часа, а потоа исечете го на коцки.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!