Top
horoskop_jarec

Зошто родените во знакот Јарец се подобри од сите останати?

Јарец е десеттиот знак во Зодијакот. Тој е секогаш подготвен да се искачува повисоко до целта. Луѓето родени во овој знак се сигурни во себе, никогаш не потклекнуваат и знаат кон што се стремат. Себеси се ставаат на висока и недостижна позиција, бидејќи сакаат да ги гледаат нештата од сигурно место. Најчесто имаат прецизни цели за кои се подготвени да работат долго и напорно. Нивната самодисциплина им овозможува успех во она што го прават. Едно од најбитните нешта за Јарецот е постигнатата цел, а само врвот е нивниот лимит. Важно им е да поседуваат вештини во кои ќе бидат подобри од сите други. Тие се вредни, работливи, не ги плаши напорната работа, бидејќи знаат дека тоа ќе ги донесе до врвот, а нивната амбициозност, решителност и став со кој се решени да одат до крај им го олеснува патот до таму. Животот претставува голем проект за нив, а се прилагодуваат на него со помош на професионален пристап кон се што прават, со практичност, реалност и прагматичност. Посветеноста кон своите цели често оди до точка на тврдоглавост. Уживаат во победи, сакаат нивните квалитети да бидат препознаени од другите, како и да се во центарот на случувањата. Јарците како животни секогаш сакаат да се искачат на врвот на планината, каде што воздухот е чист и свеж. Родените во знакот на Јарец сакаат да стигнат до врвот во своето поле, така што ќе можат да ги користат придобивките на успехот и славата, престижот и парите. Можат навистина да се однесуваат надмоќно, понекогаш дури и егоистично, на нивниот пат кон врвот.

Јарците се ефикасни и организирани и не креваат голема прашина околу работите. Тие се коректни со детали и имаат прилично конвенционални ставови во бизнисот и воопшто во животот. Се чувствуваат најдобро кога играат безбедно, бидејќи тоа е најсигурниот начин да се стигне до врвот. Имаат тенденција да бидат доста зрели и целосно се благословени со здрав разум, два квалитети кои им помагаат нивните потфати во животот да бидат успешни. Нивната амбиција е безгранична, но сепак тие се претпазливи, одговорни и секогаш играат фер. Затоа нивните успеси се се поголеми и побројни.

Елемент: Земја
Група: Теоретска
Поларитет: Негативен
Омилена боја: Кафеава
Владеачка планета: Сатурн
Куќа на владеење: Десетта
Спротивен знак: Рак
Среќен камен: Оникс
Период: 22 декември – 19 јануари
Силни страни: Одговорни, добри менаџери, дисциплинирани, способни за самоконтрола
Слабости: Мислат дека знаат се, тешко простуваат, полни се со презир, го очекуваат најлошото
Карактеристични белези: Можат да бидат во топ форма само со малку напор
Сакаат: Семејство, традиција, квалитет на изработка, музика
Не сакаат: Речиси се, во најразлична смисла
Најдобра средина: Позитивни ситуации, урбани средини со културата и стил, секое место каде може да биде на чело.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>