Top
prijateli

Какви пријатели се хороскопските знаци?

Какви се припадниците на одреден хорокопски знак во пријталеските односи, со сите свои маани и доблести?

Овен
Овенот е знак кој е лојален како пријател. Секогаш го кажува она што го мисли и чувствува и кај него никогаш нема лажни ветувања. Што се одннесува до пријателства, најдобро се сложува со оние кои се вредни и упорни, а ги избегнува оние кои постојано се жалат како не им е добро во животот.

Бик
Тој секогаш е тука за пријталите. Исклучително е верен како пријател, но и заштитнички настроен во смисла дека секогаш ќе биде до него, особено ако таа другата личност тој многу ја почитува.

Близнаци
Овој хороскопски знак има голем круг на пријатели. За секоја нивна потреба си имаат одреден круг на пријатели. Имаат пријатели кои им служат за работни соработки, друг кои служи за искачања, трет за пиење на утринското кафе итн.

Рак
Ракот е знак кој не може да се дружи со луѓе кои се ладни. Неговиот кург на пријатели се оние луѓе кои се емотивни, полни со љубов и сакаат да помагаат на другите и да ги сослушаат истите. Личности во знакот на Риба најмногу им одговараат за пријатели.

Лав
Тој е знак кој има голем број на пријатели, но е исклучително искрен само со мал број на луѓе. Ако вам ви се довераат припадниците на овој знак, да ви зборуваат на нивните животни проблеми или нешто што ги мачи, знајте дека тие пријатели искрено ве ценат и никогаш нема да ви завртат грбот.

Девица
Девицата е знак кој изгледа во првиот момент многу ладно, но кога некого ќе засака, тогаш е потполно иксрена. Не знаат да глумат почитување и многу брзо се приметува кога се обидуваат да го прават тоа. Маана им е што не знаат да го признаваат туѓиот успех, но и тоа дека на секоја ситница гледаат како на нешто огромно. Што и да им кажете секогаш тоа ќе го разгледаат подлабоко и никогаш не забораваат.

Вага
Таа е секогаш добар советник за пријателите. Не е секогаш 100% искрена кон пријателите, бидејќи ги има повеќе, па се доверува само на една личност и само на таа личност и верува безусловно.

Скорпија
Шкорпијата е знак кој има ладно однесување кон пријателите. Таков впечаток остава, но кога ќе успеете да го освоите нивното срце ќе се опушти максимално и тотално ќе ви се довери, а вие секако ќе уживате во нивното пријателство како и во ноќните излегувања.

Стрелец
Личностите во овој знак се многу друштвени и искрени. Луѓето многу ги сакаат, а стрелците пак не сакаат луѓе кои се агресивни и пасивни. Луѓето кои се агресивни не се наоѓаат во нивниот круг на пријатели и никоаш нема ни да им дадат шанса да се приближат.

Јарец
Јарецот е знак кои ја цени лојалноста. Нивниот круг на пријатели е исполнет со луѓе од кои добиле помош, а тие им ја возвратиле. Ако некому му помогнат, а таа личност не ги испочитува кога нив им е тоа потребно, тогаш потполно ладно се дистанцираат од нив.

Водолија
Овој знак често е на дистанца. Ретко кога го покажуваат вистинското пријателство, а тоа да биде топло однесување кон пријателите. Тие прво очекуваат тој да се потруди околу нив, па дури потоа они да возвратат.

Риби
Рибите се знак кој често знае да биде наивен и да подлежи на туѓи влијанија. Веруваат во приказни кога некој ќе им каже дека некој трет ги оговара или што и да е и поради тоа често знаат да се повлечат. Инаку имаат добра душа и сакаат личности со став и луѓе кои едноставно ќе ги водат кон животот. Најубаво им е со луѓето кои сакаат забава.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>