Top
ljubomorni-horoskopski-znaci

Трите најљубоморни хороскопски знаци

До некој степен нормално е и убаво е да постои поблага форма на љубомора, бидејќи таа е доказ дека постојат емоции. Сепак, постои и потежок облик на љубомора, а овие три хороскопски знаци и тоа како ја имаат.

Скорпија
Пример на екстремни љубоморни сцени. Не само што станува збор за љубомора која создава неподносливо печење во желудникот, тука е вклучена и игра на страст и возбуда. Љубомората на Скорпијата понекогаш, го признале ли тоа тие или не, им доаѓа како афродизијак.

Бик
Во овој случај станува збор за посесивност со примеси на љубомора. Бикот сака да ги присвојува нештата, но и луѓето и воопшто не го интересира конкуренцијата. Она што е негово, е само негово, нема делење, нема флертување.

Лав
Премногу горди со многу изразено его, Лавот води сметка да не биде измамен, понекогаш малку опсесивно. Доколку нешто почувствува дека му се случува зад грб, пред се не би можел себеси да си прости. Сето ова го доведува во прашање неговиот углед и чест. Понекогаш знае да реагира многу енергично и нетактично.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *