Top
blondinki

Чувајте се од блондинки

Мажите веројатно мислат дека знаат сè за своите партнерки, но се лажат.

Истражување кое го спровела компанијата за нега на коса “Instant Root Concealer” покажало дека жените ги лажат своите партнери за чувствата кон нивните блиски роднини и пријатели. Тие, исто така, го кријат вистинскиот износ кој го потрошиле на шопинг или во салон за убавина, а никогаш нема да кажат ниту колку килограми имаат, ниту дали биле неверни во претходните врски.

Секоја 20-та жена признала дека ја крие големината на облеката која ја носи и бројот на чашки алкохол кои ги испила во текот на неделата, додека секоја 50-та жена тврди дека нејзиниот партнер не знае ниту колку години има таа.

Анкетата открива дека блондинките се вистински „махери“ во лажењето, односно многу подобри од смеѓите или црните девојки. Блондинките најчесто лажат за односот кој го одржуваат во бившиот партнер, како и бројот на сексуални партнери кои ги имала во минатото.

Најискрени помеѓу жените се оние со седа коса, односно 41% од нив се изјасниле дека ништо не кријат од својот партнер.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *