Top
avocado

Исхрана за здрави нокти, коса и кожа

Свежото овошје и зеленчук се најдобри за нашето генерално здравје. Но, освен тоа постои и храна која е одлична за нашата убавина, односно за нашите нокти, коса и кожа. Ако сакате тие да изгледаат прекрасно, сјајно и здраво тогаш прочитајте ја листата од најдобрата храна за оваа намена.

Авокадо
Прво на листата на храна која помога за убавина е авокадото. Можете да го користите во цедени сокови, салати и слично. Сигурно не сте знаеле дека и покрај тоа што авокадото помага за поубава коса, кожа и нокти, тоа помага и за апсорбирање на хранливите материи од другата храна која ја внесуваме со секојдневната исхрана.

Јајца
Јајцата содржат високо количество на биотин кој е хранлива материја важна за убава и здрава кожа и нокти. Покрај тоа, содржат сулфур кој е важна хранлива материја за здрава коса и нокти.

Мешункасти плодови
Мешункастите плодови се уште една храна за убавина. Тие се богати со цинк кој ја прави косата убава и целосна, со помал ризик од кршливост. Мешункастите плодови, а посебно бадемите, содржат есенцијални масни киселини и антиоксиданси кои помагаат за здрава и блескава кожа.

Лосос
Во листата на храна за убавина која е богата со Омега-3 е лососот. Омега-3 масните киселини се многу важни за вашата коса, кожа и вашите нокти. Не само поради фактот дека содржат кератин, туку и бидејќи помагаат во намалување на воспаленијата, а тоа значи кожата, косата и ноктите ќе биде здрави и цврсти.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>