Top
stapcinja-za-usi

Искористете ги стапчињата за уши за поинакви потреби

Стапчињата за уши, кои на краевите имаат парчиња памук, се одлично помагало во секое домаќинство. Со нив можете да ги исчистите тешко достапните места, да се нашминкате или пак да го поправите заглавениот патент на јакната. Проверете што сè можете да направите со нив.

1. Испрскајте едно стапче за уши со омилениот парфем и ставете го во вакумирана пластична ќесичка. Со него можете во текот на денот да го обновите мирисот позади ушите и во пределот на вратот.

2. Измешајте малку паста за заби, капка хидроген пероксид и лажичка сода бикарбона и ќе добиете паста за избелување на забите која ќе ја насете на заби со помош на вакво стапче. Пастата чувајте ја на забите 1 минута, а потоа исплакнете ги.

3. Ако Ви се заглави патентот на некое парче облека, нанесете малку шампон на стапче за уши и тријте го заглавеното место додека не попушти.

4. Истискајте ги здодевните акни на хигиенски начин, со две стапчиња за уши.

5. Стапчињата за уши може и да ги искористите за шминкање, односно со нив да нанесете сенка за очи или туш на очните капаци, или пак да ја исчистите шминката од очите.

6. Со нив можете да нанесете детска пудра на трепките пред да ставите маскара. На тој начин визуелно ќе ги издолжите трепките, но и траењето на маскарата.

7. Многу лесно ќе ја исчистите прашината од тешко достапните делови, на пример на фенот за коса, но и на другите мали електрични уреди.

8. Направете паста од вода и сода бикаробона и со стапчињата за уши избелете ги фугите во тоалетот.

9. Ако излезете од линијата на ноктите додека се лакирате, нанесете ацетон на стапче за уши и отстранете го лакот од прстите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>