Top
nega na kosa

Домашен шампон и маска за регенерација на косата

Грижата за себе треба да биде постојана. Ако не им верувате на козметичките препарати кои ги купувате, дел од нив можете да си ги подготвите и сами.

Домашен шампон за појака коса

Потребни состојки:
1 литар обичен шампон од коприва
1 АД капки (воден раствор)
1 пантенол
Неколку ампули витамин Б
2 до 3 лажици рицинусово масло

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и шампонот е подготвен за употреба.

Маска од жолчка и мед

Потребни состојки:
1 жолчка од јајце
1 лажица мед

Подготовка:
Измешајте ги жолчката и медот, и смесата намачкајте ја по целата должина на косата. Потоа замотајте ја косата со крпа и чувајте ја така околу 20 минути. Добро исплакнете ја косата со млака вода.

Маска од банани

Потребни состојки:
1 банана
2 лажици алое вера гел
1 лажица лимонов сок
1 лажица маслиново масло

Подготовка:
Бананата испасирајте ја и измешајте со алое вера гелот, сокот од лимон и маслиновото масло. Кога ќе добиете мазна смеса, нанесете ја на косата и држете ја половина час. Потоа добро исплакнете ја и оставете да се исуши природно, без фенирање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>