Top
nega_na_lice

Кафето во функција на нега и убавина

Без разлика дали сакате кафе или не, треба да знаете дека истото може да биде корисно во областа на негата и убавината на лицето, кожата и телото.

Кафе за нега на лице
Изобилно со антиоксиданси, кафето е одличен сојузник во борбата против брчки и ја штити кожата од штетите предизвикани од слободните радикали, воздухот, цигарите и алкохолот. Помешајте две кесички свежо мелено кафе со две лажици какао во прав, три лажици полномасно млеко и една лажица мед. Нанесете тенок слој од препаратот на лицето и оставете го да делува 15 минути. Измијте се со топла вода.

Кафе за убава коса
Поради кафето вашата коса ќе биде убава и лесна, а ако директно ја нанесете на темето, кофеинот ќе ги стимулира фоликулите и така ќе го забрза нејзиниот раст. Подгответе си чаша силно кафе и во неа додадете ½ чаша вода. Дозволете да се олади и премачкајте ја течноста на косата и темето и завиткајте ја косата со пластична кеса или фолија. Дозволете да отстои 20 минути и измијте ја косата со млака вода.

Кафе за нега на телото
Веројатно од искуство знаете дека кафето функционира како диуретик. Доколку се одлучите кафето да го намачкате на телото, слично ќе функционира, ќе ги отстрани вишоците на течности и привремено ќе ја намали видливоста на целулитот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *