За време на детството имунолошкиот систем е се уште не е доволно развиен и токму поради тоа децата се најподложни кон развојот на заразни болести. Имунолошкиот систем кај луѓето е составен од група од органи, ткива и клетки, кои се борат со патогените микроорганизми во човечкото тело. Ако детето има силен имунолошки систем, тоа е помалку загрозено од развојот на заразни болести, а во случај да се разболи, ќе заздрави многу побрзо.
-
Бебето задолжително треба да се дои во првите неколку месеци по породувањето. Во мајчиното млеко има антитела кои му помагаат на несовршениот имунолошки систем на новороденчето.
-
Вклучете овошје и зеленчук во исхраната на детето. Задолжително вклучете јагоди, домати, брокула, боровинки, компири, бидејќи тие значително ќе го стимулираат развојот на неговиот имунитет.
-
Оставете го детето некогаш да се извалка. Контрирајќи на логиката, нечистотијата во „умерени количини“ може да биде најдобар пријател на имунитетот, бидејќи го стимулира неговото зајакнување.
-
Намалете го количеството на шеќер во нивното мени. Слаткото може значително да ја намали функцијата на имунолошкиот систем.
-
Создадете му навика за здрава исхрана и спортување. Спротивно на популарното мислење, прекумерната тежина и дебелината имаат негативен ефект врз функцијата на имунолошкиот систем. Одржувањето на оптимална тежина е уште еден начин да го стимулирате развојот на детскиот имунитет.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!