
Во светот ова е многу развиен спорт. Поделен е на две подкатегории Street или Urban trials и Natural trials, кадешто се вози исклучиво во карпести региони или по плажи со големи камења.
Street trials-от е по развиен и поактрактивен бидејки е по пристапен за возачите и гледачите. Едни од легендите се Hans Ray, Ryan Leech, Martin Ashton и во последно време возач што го изненади цел свет со неговото возење Danny Macaskill.

Што се однесува до велосипедите и тие се доста различни од стандардните. Пред се се препознаваат по тоа што велосипедите немаат седишта иако тоа не е задолжително. Тоа е така бидејки седиштето додава тежина и зафаќа место кои можат да значат многу за време на возењето.Обично велосипедите имаат само една брзина којашто е идеална за возачот, имаат широки тркала и волани, големи гуми и многу јаки кочници. Што се однесува до тркалата има различни варијанти од 20 инчни наречени модови, 24 инчни и 26 инчни.

Се тежнее велосипедот да е што е можно по лесен и по јак, за да може да ги издржи високите скокови а и да може лесно да се маневрира. Овие велосипеди не користат предна суспензија бидејки тоа ќе ја зголеми тежината на велосипедот значително, но сепак постојат исклучоци.

Во Македонија се забележани околу 10тина велосипедисти што одреден период возеле trials со модифицирани велосипеди но сепак поради тежината на стилот, високите финансии, ризикот и напорниот тренинг, и преминување во друг стил скоро сите се откажаа.
“Јас сеуште возам trials иако не толку активно како некогаш. Поволностите се налетот на адреналин и чуствотот на успех кога ќе совладате некоја патека/пречка што предходно ви изгледала невозможна. Споротот е многу атрактивен што значи дека случајни минувачи многу брзо се собираат околу возачите.
Со ова би сакал да упатам апел кон младите да се заинтересираат за да се развие спортов. Може да се почне и со помалку финансии но како што возачот напредува така ќе ја осети и потребата за подобар велосипед и поквалитетни делови. Препорачлива е заштитна опрема, кацига, штитници на нозе/раце ракавици, Голема желба, многу тренинг и битката со гравитацијата може да започне.”




Поддржете го TRIALS во Македонија
Автор: Icemann
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!