Колку и да внимаваме на тастатурата, сепак се случува да истуриме нешто врз неа или да ја наполниме со трошки. Освен тоа, тастатурата е место каде се кријат голем број бактерии. Новата Logitech Washable Keyboard К310 комплетно може да се мие под млаз вода, а креаторите велат и дека брзо се суши и веднаш може да се користи. При миењето може да се користи благ сапун или мека крпа, но да не става во вода подлабоко од 30cm и на температура повисока од 50°C. Тастатурата веќе се продава во Америка по цена од 39,99$, а во Европа треба да се појави кон крајот на октомври.





Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
мојата е денес миена под вода со единствена разлика што прво ја отворив и го извадив кабелчето со диодите, 15 мин повеќе работа 10 пати пониска цена :)))