Top

Се ближи финалето од Лигата на шампионите

Со тоа се ближи и преубава атмосфера, многу типувања и вовед за тоа што следи ова лето во однос на Европското фудбалско првенство. Со неколку единствени збора, тоа се празнични денови за љубителите на фудбалот, односно за љубителите на спортот воопшто.

Заклучно со натпреварот помеѓу Челзи и Барселона, кој се одигра оваа среда, заврши и првата фаза од полуфиналето во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар кој се одигра во вторникот, на 17.04, Баерн го порази Реал на домашен терен со 2:1.

Завчера бевме сведоци на уште еден добар натпревар, многу шанси и еден победник. Големата Барселона беше поразена со 1:0, очекувано или неочекувано, имајќи го во предвид фактот што секогаш е тешко да се игра против неа, било тоа да е на домашен терен или пак на гости, на големиот Ноу Камп. Многу малку тимови можат да се пофалат со позитивни резултати против Барселона. Тоа не се должи на фактот што останатите тимови се слаби, туку на тоа што Барселона моментално игра одличен фудбал. Меѓутоа останува да видиме дали ќе може да ја одбрани титулата од Лигата на шампионите која по една година пауза ја зема лани. Досега на ниеден тим не му успеало да освои Лига на шампиони две години последователно. Доколку Барса успее да го собори Челзи во реванш натпреварот кој ќе се одигра наредната недела, во финалето ќе се сретне со подобриот противник од дуелот помеѓу Реал и Баерн.

И на тој дуел картите се сеуште отворени. Се работи за два огромни тима и многу славни играчи. Дали големиот Мурињо ќе успее да се носи со епитетот “специјален” и ќе ја оправда довербата на кралскиот клуб останува да видиме.

По првичните натпревари сè е можно и сите четири клуба имаат подеднакви шанси. Кои се вашите типови, кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите оваа година?


Автор: Наташа Петровиќ

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *