Top

Кирил Лазаров руши рекорди, Македонија петта во Европа!

По натпреварот Македонија:Словенија капитенот на Македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, стана најдобар стрелец во историјата на ЕП. Со постигнати 61 голови, ја презема титулата најдобар стрелец која досега му припаѓаше на Олафур Стефансон кој на ЕП 2002 постигнал 58 гола.



Со победата над Словенија со еден гол разлика (Mакедонија 28:27 Словенија), Македонија ја заземе петтата позиција на ова Европско првенство и можност да се квалификува за Олимписките игри во Лондон.
Иако, мал број на публика имаше можност да ја бодри нашата репрезентација, сепак доволно беше да ги поттикнат да се борат до крај. Драматичната завршница со извојувана победа ѝ донесе историски пласман на Македонија. Во продолжение погледнете ги статистиките за секој ракометар од нашата репрезентација на ова првенство.
Браво момци! Вие сте наша гордост! За КОГО? За МАКЕДОНИЈА!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *