“С.А.Р.С. нема да настапат на SCREAM MUSIC FESTIVAL оваа година, но за оние кои со нетрпение ги очекуваат во Скопје веќе договоривме нивен целовечерен концертен настап кој ќе се одржи во март. Им препорачуваме на сите кои сакаат да го проследат и SCREAM MUSIC FESTIVAL и концертниот настап на С.А.Р.С., да ги зачуваат влезниците од SCREAM MUSIC FESTIVAL бидејќи со нив ќе добијат попуст од 100 денари на цената на билетите за С.А.Р.С.” – изјавуваат од Нова Икс Идеја.
Музичкиот состав од Белград, чија музика е комбинација од поп, рок, реге, хип – хоп и блуз со елементи од традиционалниот српски фолк, е формиран во 2006-та година и зад себе има два успешни албуми. На публиката С.А.Р.С. и станаа најпознати по песната “Буџав лебац” која им донесе голема популарност низ екс – ју просторите.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!